Бочели ѝ пееше на свадбата на Кортни Кардашјан во Италија

Андреа Бочели и неговиот син Матео настапија на свадбата  Кортни Кардашијан и Тревис Баркер па свдбената музика беше незаборавна, објави Пипл. Андреа присуствуваше на свадбата со неговата сопруга Вероника Берти. Според извор, Бочели и Матео ги отпеаја „I Found My Love in Portofino“, „Can’t Help Falling in Love“ и нивниот сингл од 2018 година „Fall on Me“.

„Доменико Долче ни се јави минатата недела и праша дали можеме да направиме уникатно изненадување за неговите пријатели Кортни и Тревис и целото семејство Кардашијан“, изјавија Бочели и Матео за Пипл .  „Портофино е во срцето на сите и ние позитивно одговоривме на еден таков прекрасен момент од нивниот живот. Им посакуваме се најдобро во нивната заедничка иднина“.

Бочели (63) е италијански оперски тенор кој е најпознат по длабочината и емоциите на неговата музика. Тој се подготвува за европска турнеја со неговото следно шоу на 27 мај во Манхајм, Германија.

Свадбата Кардашијан-Баркер се одржа во L’Olivetta, вила во Портофино во сопственост на Долче и Габана во Портофино, Италија. Приемот се одржа во Кастело Браун, замок од 16 век во приморскиот град.

 

 

Scroll to Top