Вредноста на акциите на „Амазон“ порасна за повеќе од 11 проценти откако компанијата објави дека остварила поголема заработувачка од очекуваната во четвртиот квартал од 2019 година. Со растот на вредноста на акциите, личното богатство на Џеф Безос, првиот човек на компанијаата порасна за речиси 13 милијарди долари, објави „Си-ен-би-си“.
Технолошкиот гигант пријавил заработка од 6,47 долари по акција и вкупни приходи од 87,44 милијарди долари за четвртото тромесечје од 2019 година. Аналитичарите очекувале заработка од 4,03 долари по акција и 86,2 милијарди долари приход.
Ненадејното зголемувањето на вредноста ја направи „Амазон“ четврта компанија којашто вреди повеќе од илјада милијарди долари во САД, заедно со „Епл“, „Алфабет“ и „Мајкрософт“.