Болката за девојката го турна во смрт милионерот Стив Бинг

Милионерот Стив Бинг се самоуби скокајќи од 27. кат од зграда во Лос Анџелес, наводно по долг период на депресија.

 

Неговата соработничка Кери Мичам сега открива дека тоа го направил поради нејзината внука Алексана Мичам, која била правнука на славниот глумец Роберт Мичам, која починал лани  пренесуваат странските медиуми.

Кери Мичам, продуцентка од Санта Барбара, која со децении соработувала со Бинг, во пост на Инстаграм открила дека Бинг го извршил самоубиството четири дена пред годишнината од смртта на нејзината роднина Алексана, со која таа го запознала.

“Иако скоро 30 години помлада од него, „Алексана го сакаше него и тој ја сакаше неа. Сакаше да основа семејство со неа“, напиша Кери на социјалните мрежи, а потоа објасни што се случило со Алексана.

Алексана и Стив имале расправија на 26 јуни минатата година, по што Алексана отишла кај нејзина пријателка. Бинг и се јавил и се смириле, но пред да се врати во нивниот дом на Палм Спрингс, Алексана се напила таблета Ксанакс за да се смири, не знаејќи дека тоа е фенталин.

Тоа предизвикало Алексана да се предозира и ѝ се слошило. Завршила во болница, каде што и починала.

Кери вели дека и пред карантинот поради коронавирусот, Бинг имал нарушено психичко здравје, бидејќи чувствувал вина поради смртта на Алексана.

 

Scroll to Top