Боно на 13 ноември се враќа на сцената

Фронтменот на рок-групата „Ју ту“, Боно, најави дека ќе ја продолжи турнејата откако истата ја прекина поради проблеми со гласот.

Боно во Берлин беше принуден по третата песна, Red Flag Day, да ја напушти сцената поради проблеми со гласот. Се претпоставува дека чадот од димните ефекти предизвикал проблеми на гласните жици на пејачот.

„Се извинувам, мислам дека нема да можеме да продолжиме“, им се извини Боно на обожавателите.

Првично на публиката ѝ беше кажано дека ќе има мала кратка пауза, но подоцна беа информирани дека шоуто нема да продолжи.

„Бев на лекар. Сега сум подобар. Не станува збор за ништо сериозно. Едвај чекам да дојде 13 ноември и повторно да се вратиме“, беше изјава што Боно ја даде по лекарските прегледи.

Scroll to Top