Принцот Хари и Меган Маркл се во официјална посета на Австралија, а деновиве во Сиднеј не можеа да ја одминат познатата плажа Bondi beach.
Тие ги посетија локалните сурфери и говореа како менталното здравје се подобрува со забавни активности. Хари и Меган присуствуваа на средба каде што луѓето отворено зборуваа за своите проблеми со менталното здравје.
Бремената војвотка босонога шеташе по плажата и им даваше поддршка на луѓето што практикуваат јога. И самата таа е вљубеничка во јога, а и нејзината мајка работи како јога-инструктор.
Долгиот макси фустан со риги и минималната шминка беа совршен избор на војвотката за оваа пригода.