Боуви беше камелеон на музиката, а последниот албум го издаде само два дена пред неговата смрт

Легендарниот Дејвид Боуви почина на денешен ден пред осум години, два дена по неговиот 69-ти роденден. Непосредно пред неговата смрт го издаде својот последен албум Blackstar, кој воедно беше и негов 25-ти албум. Боуви година и пол се бореше со ракот на црниот дроб, но на крајот ја загуби битката.

Во текот на неговата успешна кариера се испроба во бројни жанрови – глам рок, арт рок, соул, хард рок, а не се непознати ниту неговите навлегувања во танцот, електрониката и панкот, па не е невообичаено што беше познат како најголем музички камелеон. Боуви почнал да свири музика на млада возраст и го формирал својот прв бенд Кон-Радс на 15-годишна возраст, но тоа не траело долго. Причината за тоа, наводно, била ексцентричната личност на Дејвид, што понекогаш ја отежнувало работата со него.
Музичарот започна соло кариера во средината на 60-тите години. На почетокот на кариерата го смени презимето од Џонс во Боуви. Тој не сакаше да го помешаат со британски музичар, па зеде друго презиме, кое го искористи за да му оддаде почит на лик од американскиот филм The Alamo. Неговиот прв албум беше обележан со сатирични текстови, а го издаде во 1966 година, тогаш сè уште како непознат изведувач.

По албумот, тој се посвети на проучувањето на тибетскиот будизам и ја стави музиката на задната страна. Потоа се промени и неговата музика, а вториот албум Space Oddity од 1969 година беше многу попопуларен од првиот.

По вториот албум, Боуви ја смени својата издавачка куќа. Тој отиде од Меркур во RCA и стана светска ѕвезда. Ги реиздаде своите стари албуми, во малку поинаков стил и ја распродаде својата турнеја во Америка. Во раните 70-ти, тој го издаде албумот The Rise And Fall Of Ziggy Stardust And The Spiders From Mars, кој сè уште се смета за антологија.

За време на неговата кариера, тој објави и албуми како што се Ханки Дори, Дијамант Догс, Човекот кој го продаде светот и Херои, како и многу други, а во екот на кариерата се пресели во Берлин. Тој исто така живеел во Њујорк со сопругата Иман Абдулмаџид.

Тој се бореше со ракот на црниот дроб нешто повеќе од една година, а неговата последна желба беше неговата пепел да почива на Бали. Боуви често патувал во Бали и Индонезија и се заљубувал во тие области. На сопругата и оставил имот вреден околу 100 милиони долари.

Музичката легенда неодамна доби улица во Париз, наречена Rue David Bowie.

Scroll to Top