Божикниот хит на Мараја Кери годишно ѝ носи заработка од милион долари

Еден од најпопуларните божикни хитови, All I Want For Christmas Is You, е снимен во 1994 година. Американската пејачка Мараја Кери (50) со изведбата на овој хит се најде на врвот на музичките топ-листи и ова се случува секоја година за Божик.

Без оглед на фактот што песната е објавена пред 24 години, таа уште се емитува на радиостаниците.

Американската пејачка секоја година со својот најголем божикен хит заработува голема сума пари, а само оваа година ѝ донесе милион долари.

Иако пред тоа објави три албуми, за својата популарност Мараја може да му се заблагодари токму на овој хит, кој го направи во соработка со музичкиот продуцент Валтер Афанасиеф (60). Преземен од петкратниот албум на „Среќен Божик“, добитникот на „Греми“, сеприсутната химна за празници продаде 16 милиони примероци во светот од 1994 година.

Кралицата на Божик, Мараја Кери, сега е најголема поп-ѕвезда меѓу пејачките на сите времиња, според „Билборд“. Во чест на нивната 125-годишнина магазинот лани го објави својот официјален пласман на 125 најголеми музички изведувачи на сите времиња.

Scroll to Top