Брајан Адамс за еден месец вторпат позитивен на корона

Канадскиот рок-пејач Брајан Адамс за еден месец вторпат се заразил од корона. Тој објави дека е во Италија, каде што требаше да го промовира новиот календар на „Пирели“. Во Милано тој добил позитивен тест на Ковид-19.

„Штотуку пристигнав во Милано и вторпат за еден месец имам позитивен тест на Ковид-19. Затоа одам во болница“, напиша тој на „Инстаграм“.

Адамс откри и дека е вакциниран, а првиот позитивен тест на корона го добил на 31 октомври. Тогаш вели немал никакви симптоми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bryan Adams (@bryanadams)

Scroll to Top