Бен Афлек и Џенифер Лопез минуваат низ голема криза, пренесуваат странските медиуми. Бракот на Бен и Џенифер постојано е под лупата на медиумите, а откако веќе неколку пати негираа какви било проблеми во врската, овој пат изгледа дека сепак не е се совршено.
Според странските медиуми, двојката се повлекла и моментално се справува со тешки одлуки околу заедничкото родителство, со оглед на тоа што и двајцата имаат деца од првиот брак.
„Фазата на меден месец заврши. Се разбира, тие се уште се лудо заљубени, но се под голем притисок поради работните обврски и центарот на вниманието и семејното обединување”, изјавил извор за In Touch.
Инаку, тие често беа во јавност со своите деца, но во последно време се шпекулира дека Афлек е многу поблизок со својата поранешна Џенифер Гарнер отколку што треба.
Да потсетиме, Џеј Ло ги има близнаците Макс и Ема, додека Бен ги има ќерките Виолет и Серафина и синот Семјуел.
„Бен и Џенифер Гарнер се многу блиски. Всушност, во последно време имаше многу заеднички фотографии на кои Бен изгледа толку среќно, посреќно отколку што обично изгледа кога е со Џенифер Лопез. Таа не мисли дека Бен сака да и се врати бившата, но која жена не би била малку љубоморна“, додал изворот.