Братот на Мел Гибсон за „Дејли Мејл“: Го мразам, некогаш бевме сиромашни, а денес кога е богат не сака да ми даде ни долар

Актерот Мел Гибсон и неговиот брат Доналд Гибсон некогаш биле многу блиски, но со текот на времето љубов се претворила во омраза. Иако некогаш биле среќно семејство, двајцата не зборуваат пет години.

Заедно глумеа во еден од најголемите хитови за Оскар, филмот Braveheart кој го внесе Мел во филмските енциклопедии, но сепак нивниот следен заеднички проект Passion ги раздели засекогаш иако и од тој филм направија огромна добивка од 425 милиони долари.

„Тој беше мојот постар брат, мојот најдобар пријател. Немаше љубомора меѓу нас, бев среќен затоа што стана славен. Но, славата го промени и почна да верува во она што се зборува и пишува за него. Мел кој го знаев од претходно едноставно исчезна“, рече Донал и дополни дека Холивуд го уништил.

„Холивуд го изеде, го изџвака и го исплука. Славата и парите му го испраа мозокот и стана чудовиште. Го мразам поради тоа“, додаде Донал.

Филмот The Passion го режираше Мел, а ги следи последните 12 часа од животот на Исус. Филмот беше прогласен за насилен, но и покрај многуте критики, заработи 612 милиони долари. Со оглед на тоа што го режираше постариот Гибсон, најголемиот дел од парите завршија кај него.

„Не очекував да ме поддржи, но пред The Passion редовно работев на филмски проекти, а потоа кога Мел го нарекоа антисемитист, луѓето мислеа дека и јас ги мразам Евреите затоа што сум негов брат и ме отпишаа засекогаш“, рече Донал.

И тогаш се случи целосна катастрофа. Мел, кој со години јавно се бореше против зависноста од алкохол, полицијата во 2006 година го сопре пијан во неговиот автомобил. Тој одма ги нападнал со еден куп навреди и антисемитски реплики.

„Бев пијан и лут. Полицаецот незаконски ме снимаше. И ако бев навистина она за што ме обвинуваа, сигурно ќе ме фатеа како постојано ги навредувам Евреите. Сега целиот мој живот и кариера се оценува според таа една случка по осум испиени текили. Не е фер“, објасни тогаш Мел Гибсон.

Поради бројните навреди кои ги упати, кариерата на Мел никогаш не закрепна, а тоа го почувствува и Доналд.

„Секогаш кога ќе му побарав пари се лутеше. Ми викаше дека не можам да го обвинам за мојата несреќа, а јас почнав да ги избегнувам семејните собири поради неговите гневни испади. Се сеќавам дека едно време беше лут како куче бидејќи не можеше да го добие претседателскиот апартман во хотелот додека бевме во Лас Вегас. Селин Дион прва го резервирала, а тој цела вечер беше гневен“, рече Донал.

„Бевме сиромашни како црковни глувци и често гладни, но лудо се сакавме. Сè уште го сакам, но веќе не знам кој е и каков стана. Сакам да ги исправи грешките што ми ги направи. Сакам да живееме во мир“, рече помладиот Гибсон за „Дејли Мејл“.

Scroll to Top