Бред Пит дебитира како скулптор заедно со Ник Кејв во финска уметничка галерија

Актерот Бред Пит на изложа која се одржува во финскиот град Тампере, првпат ги покажа своите скулптури. Тој ги изненадил присутните кога се појавил на отворањето на изложбата на британскиот уметник Томас Хаусагору за да ги претстави своите скулптури, покрај керамичките дела на австралискиот музичар Ник Кејв.

„За Ник и мене ова е нов свет, првпат влегуваме во него“, изјавилПит.

Пит се претставува со девет дела на изложбата, а неговото учество претходно не беше најавено.

„За мене, ова е саморефлексија, да видам каде сум згрешил во односите, каде сум соучесник. Ова произлезе од она што јас го нарекувам радикален попис на себеси. Брутално сум искрен со себеси и ги земам предвид оние што можеби сум ги повредил“, кажал Пит, кој почнал да се занимава со уметност по разводот од Анџелина Џоли.

Од Музејот на уметноста „Сара Хилден“ напишаа дека ова е првпат самоукиот американски актер да ги презентира своите скулптури во јавноста.

Scroll to Top