Бред Пит и Џенифер Анистон тајно се венчале

Глумецот Бред Пит тајно се венчал со неговата поранешна партнерка Џенифер Анистон за време на божиќна журка, пишуваат светските медиуми. Според пишувањата Анистон организирала забава по повод престојните празници, а меѓу гостите биле голем број на светски ѕвезди.

На забавата присуствувале Том Хенкс, Рита Вилсон, Џими Кимел, Кејт Хадсон, Лиса Кудроу, Рис Витерспун, но и Бред Пит, поранешниот сопруг на Џенифер.

 

Порталот New Idea пренесува дека Анистон забавата намерно ја организирала, се со цел повторно да го придобие Бред Пит. Извор кој бил на журката, изјавил дека Анистон се потрудила забавата да изгледа беспрекорно. Таа го ангажирала познатиот организатор на венчавки Кевин Лиј, кој нејзината вила на Бел Ер ја дотерал до совршенство.

Вилата на Анистон била украсена со лампи во боја, а бил поставен и шатор во дворот. Џенифер претходно во 2015 гоина тајно се омажи за Џастин Тероу, на нејзината роденденска забава.

 

„Присуството на Бред на журката поттикна многумина да помислат дека историјата се повторува и дека собирот на сите пријатели е совршен начин и официјално да го прослави своето смирување со Бред. Анистон не крие дека повторно сака да се омажи за Бред и веќе некое време сметаше дека ова е совршена можност да го направи тајно, опкружена со пријателите и најмилите, без медиуми“, тврди изворот.

Изворот тврди дека Анистон претходно се состанала и со дизајнерот Оскар де ла Ренте, а причината наводно била нејзината нова венчаница.

Досега ниту Бред Пит и Џенифер Анистон се немаат огласено по повод неочекуваниот текст на порталот New Idea.

 

Scroll to Top