Холивудскиот глумец Бред Пит и светскиот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон, ќе глумат заедно во новиот тркачки филм што ќе го режира Џозеф Косински. Џери Брукхајмер ќе биде продуцент, а Ерен Кругер ќе биде сценарист. Името на филмот се уште не се открива во јавноста.
Пит и Косински долго време сакаа да снимаат тркачки филм и сакаа да работат заедно на адаптацијата на книгата „Оди како пекол“, но тој проект пропадна и на крајот го снимија Мет Дејмон и Кристијан Бејл со наслов „Форд против Фарари“.
Од друга страна, Хамилтон претходно ги продуцираше „Автомобили 2“, „Автомобили 3“ и „Зулендер 2“, а не крие ни дека сака да глуми.