Актерот Бред Пит има нова девојка, пишуваат светските медиуми. Тој е во врска со Сат Хари Калс, која е дизајнерка на накит и духовен гуру. Папараците првпат ги снимиле минатата година, но досега негирале дека се во врска.
По разводот со Анџелина Џоли, во јавноста постојано се шпекулираше за љубовниот живот на Бред Пит. Во јуни медиумите пишуваа дека ја раскинл наводната врска со актерката Шарлиз Терон, а од неодамна го врзуваа со старлетата Клои, една од сестрите на Кардашијан.
Пит е голем обожавател на кланот Кардашијан, а во едно од своите последни интервјуа призна дека особено го обожава сопругот на Ким, Кање Вест.