Бред Пит ја запознал девојка му со родителите

Глумецот Бред Пит ја запознал својата девојка Алија Шокат со родителите, пишуваат американските таблоиди. Извор за магазинот Woman’s Day објаснува дека Пит многу ризикувал со тоа што ја однел Алија кај своите родители.

„Родителите на Бред се многу конзервативни луѓе. Тој во им донесе девојка за која тие не знаеја ништо. Сепак на крајот им се допадна Алија. Таа е фина, смирена, цврсто стои на земјата и воопшто не е импресионирана од славата на Бред. Токму таква жена му е потребна по катастрофата со Анџелина Џоли“, изјавил изворот.

Пит и Алија неодамна биле видени заедно на една уметничка галерија. Таблоидите од тој момент почнаа да шпекулираат за нивната љубовна врска. Двајцата негираа дека се заљубени и дека се само пријатели.

 
Scroll to Top