Бред Пит ќе открие како е вистински да се живее и работи во вселената

By

Актерот Бред Пит по улогата на вселенски патник во неговиот последен филм „Ад Астра“, ќе има можност да разговара со вистински астронаут од Меѓународната вселенска станица, објавиле од НАСА.

Бред Пит (55) ќе разговара со астронаутот Ник Хаг за тоа како е да се живее и работи во вселената. Американскиот актер во својот најнов  филмски хит ќе патува низ Сончевиот систем и заминува на Месечината и Марс.

„Филмот повеќе е научна фантастика отколку што ја претставува реалнсота на моменталните вселенски летови“, велат од НАСА.

Хаг и неговите колеги неодамна го погледнале филмот. Иако во НАСА не се споменува во филмот, вселенската агнеција им обезбедила фотографии и им дала мала техничка поддршка.

Од американската вселенска агенција велат дека го погледнале почетното сценарио од филмот. Од таму велат дека планираат повторно да испратат астронаути на Месечината во следните пет години. Тие често ги нудат своите знаења при снимањето на филмовите со вселенските летови.

Фотографиите на НАСА веќе биле користени во филмовите „Марсовец“, „Интерстелер“ и „Гравитација“. Велат тоа го прават со цел да поттикнат и понатамошни вселенски истражувања.

 

Ќе ви се допадне