Холивудскиот актер Бред Пит, на почетокот не сакал да го посвои неговиот син Пакс, кој го има со Анџелина Џоли пренесуваат светските медиуми.
Шеснаесет годишниот Пакс кој е роден во Виетнам, бил посвеон на четири години. На почетокот, тој го носел само мајчиното презиме, поради законите во Виетнам, кои им забранувале на неоженетите двојки, заедно да посвојуваат деца.
На почетокот Бред не сакал да го посвојат Пакс, затоа што сакал целосно да ѝ се посвети на неговата биолошка ќерка Шило. Година дена по посвојувањето, Бред и службено го признал синот, на кој му било додадено презимето Пит.
И покрај фактот што родителите му се едни од најславните луѓе на светот, Пакс не е љубител на камерите и рефлекторите и не сака премногу да се покажува во јавност. Дури и на премиерите на филмовите на неговите родители, тој не се појавува на црвениот тепих.
За потсетување, откако во 2016 година ставија крај на бракот, Бред и Џоли, водат битка околу старателството над нивните шест заеднички деца.