Во интервју за „Њујорк тајмс“, 55 годишниот актер Бред Пит, отворено зборувал за своето лечење од зависноста од алкохол. Пит признал дека по раскинувањето со Анџелина Џоли, се пријавил во група на анонимни алкохоличари.
Актерот вели дека таму се соочил со сопствените демони.
„Работите отидоа предалеку, па се одлучив себе си да си ја одземам таа привилегија која доаѓала во облик на алкохол“, изјавил Пит.
„Покрај мене имаше многу мажи кои седеа во круг и отворено зборуваа за своите проблеми. Беше тоа сигурен простор, со малку осудувања. Под тоа мислам дека присутните се осудуваа самите себе си. Беше навистина ослободувачки да се разоткријат сите мои внатрешни грозни работи“, открил Пит.
Пит почнал да минува мнову време да се анализира себе си и своите чувства. Особено додека се подготвувал за својата улога во филмот „Ад Астра, каде глуми астронаут кој трага по својот татко. Тој објаснува дека како инспирација му послужил односот со сопствениот татко.
„Бев одгледан во стилот, биде способен, биди силен, немој да покажуваш слабост. На некој начин го копирам. Пораснав во екстремни тешки и сиромашни услови, а татко ми секогаш се трудеше да ми овозможи подобар живот, од тој кој го имав“, вели Пит за својот татко, кој бил сопственик на компанија за превоз на роба.
Бред Пит открил и какво негативно влијание на него имале медиумите.
„Во 90-те тешко ја поднесував целата таа медиумска концентрација свртена кон мене. Ми беше непријатно. Сè што сакав е да паднам во заборав“, вели Пит.