Холивудскиот актер Бред Пит го преболел разводот со Анџелина Џоли и конечно е среќен.
Имено, како што тврдат извори блиски до славниот холивудски убавец, тој го преболел разводот од Анџелина Џоли и ужива во момчешкиот живот и дружењето со пријателите кои неговата поранешна жена не ги сакала.
Иако бил скршен кога мајката на неговите деца пред една година поднела барање за развод, за кој призна дека е виновен затоа што многу пиел и пушел марихуана, актерот сфатил дека тоа било најдоброто решение. Неговите пријатели велат дека дури сега е свесен колку Анџелина Џоли го обликувала неговиот живот и го понижувала, па сега повторно ужива во сето тоа што сакал да го работи пред да ја запознае.
Разведувањето било брутално и тоа бил најтешкиот период во животот на Бред, особено поради тоа што нивните шест деца останале да живеат со Анџелина, иако и за тоа имало многу кавги и расправии. Сепак, тој ја презал одговорноста за своето однесување, ги измазниле своите односи и потоа почнал да ужива во животот без неа“, открил изворот за американските медиуми.
Тој додал дека разводот бил одличен мотив за Пит да почне повеќе да се грижи за себе.
„Тој сега води многу повеќе сметка за себе, за своето здравје и е неспоредливо среќен. Ги обновил старите контакти, повторно излегува со пријателите и се забавува, а ни пијалаците и марихуаната повеќе не му се приоритет. Колку и да ја сака Анџелина, кавгите со неа го исцрпувале и често паѓал во депресија. Не се кае што бил со неа, особено затоа што имаат деца, но заклучил дека таа му ја одзела цената енергија. Без неа сè е многу поедноставно. Единствено, му сметало тоа што минува помалку време со децата за разлика од порано, но ќе се потруди тоа да го промени.
Сè уште не е подготвен за нова љубов, но не ја исклучува и таа можност“, заклучува изворот.