Бредли и Ирина се договорија, заедно ќе се грижат за ќерката Леа

By

Американскиот глумец Бредли Купер и рускиот модел Ирина Шајк постигнаа договор околу старателството над нивната ќерка Леа. Кој ќе се грижи за Леа, зависи од распоредот, со оглед на природата на нивната работа.

Двајцата брзо се договорија околу деталите. Велат дека тоа го направиле за доброто на Леа и дека таа им е најважна. Според последните информации на американските медиуми преговорите завршиле на почетокот на годинава.

Папараците често ги снимаат Ирина и Леа низ улиците на Њујорк, каде живее светскиот модел. Бредли и Шајк раскинаа по четиригодишна врска, а во јавноста се ширеа голем број шпекулации за причините на разделбата.

Работите ескалираа откако Бредли Купер го сними филмот со Лејди Гага, „Ѕвездата се роди“. Тогаш во јавноста се ширеа информации дека актерот ја изневерил Шајк.

Сепак и покрај разните гласини, двајцата останаа во пријателски односи и работите ги решиле на мирен начин.

Ќе ви се допадне