Бредли Купер е во врска со поранешната жена на Бен Афлек

Актерката Џенифер Гарнер, поранешна жена на Бен Афлек, е новата девојка на Бредли Купер, пишува магазинот „Селебрити хаш“. Според нив, Лејди Гага била само маска за да се скрие вистинската врска на 44-годишниот Купер и 47-годишната Гарнер. Магазинот пишува дека глумицата неколку пати била видена како влегува и излегува од куќата на Купер во Лос Анџелес.

Инаку, Џенифер и Бредли се познаваат веќе 18 години. Тие глумеа заедно во серијата „Алијас“ од 2001 до 2006 година. Во серијата тие глумеа најдобри пријатели, па љубовници и затоа медиумите и во тоа време пишуваа дека се во врска, иако тие никогаш не потврдија.

Гарнер е поранешна сопруга на Бен Афлек, со кого официјално се разведе ллани по 13 години брак. Тие имаат три деца: 13-годишната Вајолет, 10-годишната Серафин и синот Сем (7). Купер, пак, со Шајк беше во врска четири години, а во март 2017 година ја добија ќеркичката Леа.

Scroll to Top