Бредли Купер ќе глуми во биографскиот филм за „Би-џис“

Глумецот и режисер Бредли Купер ќе го глуми пејачот Бери Гиб во биографскиот филм за „Би џис“. Купер, кој во моментов работи на биографскиот филм за композиторот Леонард Бернштајн, добил понуда да го глуми највозрасниот од браќата Гиб.

Филмот го прави продуцентот на „Боемска рапсодија“ и „Рокетмен“ Грем Кинг, а холивудските медиуми пишуваат дека меѓу продуцентите е и Стивен Спилберг. Сценариото е на Ентони Мекартен, кој го напиша сценариото и за „Боемска рапсодија“.

Бери Гиб е единствениот жив член на популарниот бенд, кој го формирал заедно со браќата Морис и Робин. Нивниот албум од 1977 година „Треска на саботната вечер“ сѐ уште е најпродаваниот саундтрек на сите времиња.

 

Scroll to Top