Уредникот на британското списание Mail on Sunday, треба да и плати 520.000 фунти на Меган Маркл, заради објавеното писмо кое таа му го испратила на нејзиниот татко Томас Маркл.
На рочиштето судијата наредил групацијата Аssociated Newspapers да ја плати казната за покривање на судските трошоци. Адвокатот на Меган, Иан Мил, барал 870.000 евра. Адвокатот кој го претставувал весникот, изјавил дека има намера да поднесат жалба на пресудата.
Мил пак побарал од уредниците јавно да им се извинат по донесената пресуда. За потсетување, Меган ја тужеше асоцијацијата Associated Newspapers, која ги издава Mail Online, Daily Mail, и неговата неделна верзија Mail on Sunday, за кршење на приватноста, со објавување на делови од рачно пишаното писмо кое Меган во август 2018 година, му го напишала на татко ѝ Томас Маркл.
Писмото беше објавено во 2019 година, неколку месеци по венчавката со Хари. Томас не присуствуваше на истата поради здравствени проблеми. Во писмото, Меган од Томас побарала да престане да зборува лаги за неа во медиумите, дека наводно ја раскинала врската со Хари.