Британскиот премиер Борис Џонсон седми пат ќе стане татко

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга, Кери, го чекаат нивното второ дете, а ќе се роди околу Божиќ. Ова ќе биде седмо дете на премиерот.

Борис и Кери се венчаа на тајна церемонија во катедралата во Вестминстер пред два месеца. Тие лани во април станаа родители на Вилфред Лаври Николас Џонсон, а синот го доби името во чест на лекарите кои го спасија премиерот кога лежеше во болница со ковид.

Кери Џонсон (33) во објавата на Инстаграм откри дека годинава имала спонтан абортус, но дека сега сè е во ред со бебето и тие се радуваат на приновата.

„Се чувствувам неверојатно благословена што сум повторно бремена, иако се чувствував скршено пред само некој месец. Прашањето за плодност може да биде навистина тешко за многу луѓе, особено кога на платформите како Инстаграм може да изгледа дека сè оди добро“, напиша таа.

Борис Џонсон зад себе има два неуспешни брака, кои завршија поради неговите афери. Од бракот со Марина, Борис има четири деца: Лара (26), Мило Артур (24), Касија (22) и Теодора (20).

Во 2009 година, тој доби вонбрачно дете со Хелен Мекинтајр, а тој со години се обидуваше да ги скрие тие информации од јавноста. Апелациониот суд на Британија во 2013 година заклучи дека јавноста има право да биде информирана за тоа, бидејќи Џонсон е јавна личност.

Новата сопруга на Борис Џонсон изнајмила дизајнерска венчаница за 45 фунти за тајната венчавка викендов

Scroll to Top