Британците загрижени за здравјето на кралицата која ги одложи сите состаноци

Кралицата Елизабета Втора ги одложи сите состаноци, за да постапи според пропишаните мерки за претпазливост поради коронавирусот.

Како што Бакингемската палата објави преку официјално соопштение, распоредот на кралицата е координиран со моменталните околности, а нејзините состаноци со премиерот Борис Џонсон ќе продлжат според планираното.

Истакнатиот водител Пирс Морган, поради тоа се загрижи за здравјето на кралицата, откако таа се состана со британскиот премиер Борис Џонсон кој пред неколку дена имаше прием на кој беше и членката на парламентот Надин Дорис, која е заразена со коронавирусот.

Морган стравува дека вирусот би можел да влезе во кралското семејство, бидејќи Елизабета имала директен контакт со премиерот во последните неколку дена, пишува „Експрес“.

Scroll to Top