Бритни боледува од деменција: Документарецот ја открива валканата игра на татко ѝ

Пејачката Бритни Спирс веќе 13 години не располага со својот имот – парите од концертите, турнеите, настапите и спонзорските договори одат на сметка со која располага нејзиниот татко Џејми Спирс.

Причината за тоа е скандалот од 2007 година, кога Бритни доживеа нервен слом и ја избричи нејзината глава пред објективите на папараците, поради што Џејми бараше поп-пејачката да биде под негов надзор.

Сега, во документарецот кој ќе биде емитуван на 5 мај, се открива и како го направил тоа – во судските документи навел дека Спирс има деменција.

„На здравствениот картон Џејми го штиклирал полето покрај кое пишува ‘деменција или некоја друга состојба поради која е неопходен третман’, што е страшно и доколку е точно и доколку не е точно“, наведува новинарот кој го подготвувал документарниот филм за Бритни.

Таткото на пејачката неодамна дури и ја обвинил сопругата дека ја „експлоатирала ќерката“, а поради неодамнешната болест ја прогласил менаџерката на Бритни, Џоди Монтгомери, за нејзин привремен старател.

Бритни за сите овие години колку што е под надзор ниту еднаш не била сослушана на суд по повод својата ситуација, а прва шанса да ѝ се укине надзорот сега кога има 39 години ќе добие овој јуни.

Во документарецот се преиспитува дали пејачката навистина боледува од деменција, а на социјалните мрежи веднаш започна расправа по повод ваквата информација. Фановите се сомневаат дека Бритни има деменција, бидејќи ако е така, „како таа би можела да ги научи и запомни сите песни и танцувачки кореографии?“.

Scroll to Top