Кевин Федерлајн, поранешниот маж на поп-ѕвездата Бритни Спирс, од пејачката бара месечна алиментација од 60 000 долари. Судот пред неколку години му додели целосно старателство на Кевин на нивните две деца, Шон и Џејден. По наредба на судот, Бритни му плаќа 20 000 долари месечна алиментација за нивно издржување.
Сега, Кевин бара таа сума да се зголеми оти парите не му биле доволни. Тој во судот рекол дека заработува по околу 3 000 долари месечно од настапите како диџеј, а дека Бритни од еден настап во Вегас заработува по 400 000 долари. Адвокатите на пејачката го спорат неговото барање, а извор близок до Бритни, за американскиот „Ас викли“ рекол дека таа сега ќе се обиде да добие барем заедничко старателство над децата.