Бритни одбила да сними дует со Роби Вилијамс

Британскиот музичар Роби Вилијамс откри дека пред неколку месеци Бритни Спиарс одбила да испее дует со него. Тој сакал да ја снимат песната Fairytale of New York што би се нашла на неговиот празничен албум, The Christmas Present. Во интервју за „Вајс“, Роби раскажал дека ѝ понудил на светската ѕвезда соработка, ама дека таа не сакала да снима.

„Ми рече дека прави пауза од музиката една година и дека нема да може да ја сними песната со мене. Се обидов да ја убедам, ама не ми успеа“, рекол 45-годишниот Роби во интервјуто. Неговиот прв албум со божикни песни е веќе во продажба.

За потсетување, Бритни во септември им порача на фановите дека сака да се фокусира на приватниот живот заради многуте проблеми што ги имаше изминатите години, па дека нема да снима ни настапува најмалку една година.

 

Scroll to Top