Бритни Спирс ангажирала адвокат, не сака татко ѝ да управува со нејзиниот живот и финансии

By

Пејачката Бритни Спирс ангажирала адвокат, затоа што не сака татко ѝ, Џејми Спирс, да управува со нејзиниот живот и финансии, пренесуваат светските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Медиумите дојдоа до документи во кои нејзиниот адвокат бара за нејзиниот имот и пари привремено да се грижи нејзината менаџерка Џоди Монтгомери.

Откако Бритни Спирс доживеа нервен слом во 2007 година, таа заврши во болница, а нејзиниот татко, Џејми, добил законско старателство над неа.

Сега пејачката ангажирала адвокат, кој од надлежнте институции ќе побара Џејми да го изгуби старателството и така да престане неговата контрола над нејзиниот живот, пишува британски „Сан“.

Тој досега ги контролирал нејзините финансии, но и други аспекти од животот. Пејачката веќе со години не може да одлучува со кого ќе се гледа, каде ќе оди и што ќе работи, без претходно да биде одобрено од нејзиниот татко.

Голем број од обожаватели сметаат дека татко ѝ на Бритни се обидува по секоја цена да ја држи својата ќерка под контрола, за да има увид во нејзината финансиска ситуација и трошоци.

Поради тоа претходно на интернет се покрена движењето #FreeBritney, во кое тие се залагаат за тоа пејачката да почне сама да управува со нејзиниот живот.

„Со години ѝ го уништува здравјето и ја тера да работи, а сите пари ги зема за себе. Таа живее од џепаркал, додека тој плива во милиони. Би ја продал за пари“, се само некои од коментарите кои обожавателите ги напишаа на оваа тема.

Џејми, пак, тврди дека не е така и тој ја објасни неговата страна од приказната.

„Тие теоретичари на заговор не знаат ништо. Судот во Калифорнија ќе одлучи што е најдобро за мојата ќерка. Јас на судот морам да му го пријавам секој долар што ќе го потрошам. Како би можел да украдам нешто? Луѓето ми се закануваат со смрт. Не сакаме такви обожаватели. Јас ја сакам мојата ќерка и сите мои деца“, порача Џејми.

 

Ќе ви се допадне