Светската пејачката Бритни Спирс ги откажа сите концерти во Лос Анџелес, поради нарушеното здравје на нејзиниот татко ѝ Џејми Спирс, пренесуваат американските медиуми. Џејми е законски старател на Бритни уште од 2005 година, откако пејачката доживеа нервен слом.
Откако Бритни заврши во ментална болница, нејзината мајка и партнер Сем Асгари се обидуваат да го превземат старателството од Џејми.
Џејми вели дека нема лесно да ја предаде битката, а откако Бритни излезе од болница, тој постојано се обидува преку законски пат да добие полномоштво над ќерка му и нејзиното богатство, во уште девет сојузни американски држави, пренесуваат американските медиуми.