Светската ѕвезда Бритни Спирс го изгуби старателството над своите два сина, Шон и Џејдан, тврди „Ти-ем-зи“ и таа скоро никогаш не може да ги гледа без надзор. Според магазинот, поранешниот маж на Бритни, Кевин Федерлајн, на 25 август го пријавил таткото на пејачката, Џејми Спирс, во полиција, бидејќи тој наводно го нападнал неговиот постар син. „Ти-ем-зи“ пишува дека кавгата се случила во домот на Џејми, а дедото во еден момент го удрил силно детето и тоа паднало на земја, но не било повредено.
По ова, судот во Калифорнија досудил во полза на Федерлајн, кој и претходно го делеше старателството со пејачката. Инаку, деталите за тоа дека дедото го нападнал синот на Бритни, се појавија во јавноста неколку часа откако американските медиуми објавија судски документи во кои се гледа дека Федерлајн добил 70% од старателство над децата, а дека Бритни има само 30% од старателство – време во кое може да ги гледа синовите без надзор.