Бритни Спирс ја продава луксузната вила во која со сопругот се всели пред шест месеци

Бритни Спирс сака да ја продаде луксузната вила во областа Калабас во близина на Лос Анџелес која пред шест месеци ја купи со сопругот Сем Асгари. Се вселија во јуни 2022 година, кога ја купија за 11,8 милиони долари, пренесе TMZ.

Куќата има 1000 квадрати и се наоѓа во истиот дел од градот каде живее и нејзиниот бивши сопруг Кевин Федерлајн со синовите Шон и Џајден.  Извор близок до пејачката откри дека и да ја продаде ќе ѝ остане вилата Thousand Oaks која ја купи во 2015 година за 7,5 милиони долари и во која сними голем број видеа.

За потсетување, Бритни неодамна го деактивираше профилот на „Инстаграм“ и замина на одмор во Мексико. Во меѓувреме се шпекулираше дека некои ја хакирал, а некои од фановите одеа дотаму со теориите дека е под целосна контрола над Асгари.

Асгари ги смири фановите и ги негираше шпекулациите шегувајќи се дека немал контрола ни за тоа што ќе имаат за вечера.

 

Scroll to Top