Бритни Спирс пејачката на која и ги земаа децата, ја избричи главата, тепаше папараци

Кариерата на американската пејачка Бритни Спирс ја одбележаа голем број на скандало. Од бричењето на главата и губењето на старателството над децата, до зминување во ментална болница.

37 годишната пејачка која годишно заработува околу 50 милиони евра годишно, е една од оние пејачки кои од мали нозе се трудела да го проба светот на естрадата.

Прво се обидела да се запиша во „Мики Маус Клубот“, каде не поминала затоа што била премлада. Година дена подоцна на 11 годишна возраст, повторно се пробала каде била заедно со Кристина Агилера (38).

Успехот на Бритни Спирс почнува со лансирање на хитот „Baby One More Time“ во 1999 година. Потоа следуваат големите успеси за Бритни. Од тој момент, пејачката имала најмногу продадени плочи, а секоја нејзина нова песна завршила на врвот или како број еден на топ-листите.

Но, понекогаш големиот успех доведува до тежок притисок кој се манифестира на начин на кој сериозно ќе влијае на менталното здравје. Поп-принцезата во 2007 година доживува нервен слом. Тогаш ја избричи главата, а потоа со чадор ги нападнала папаразците. Бритни се скрши пред очите на јавноста, а сè под притисокот на славата, пропаднатиот брак и борбата за старетелство над синовите. Британи тогаш имала 25 години.

На почетокот на 2008 година, пејачката била хоспитализирана, по што одбила да му ги врати децата на поранешниот сопруг Кевин Федерлин, кој изјавил дека бил принуден да повика полиција. Службите утврдиле дека пејачката користела дрога, по што децата и биле одземени.

Набрзо потоа, Бритни била испратена на психијатрија, а старателството над неа го добил нејзиниот татко Џејми. Од болницата излегла по пет дена, а на средината на 2008 година, добила целосно право да се грижи за децата.

Бритни успеала да се извлече од најтешкиот период од својот живот, па на крајот на 2008 година, објавила шест студиски албум, наречен Circus. Пејачката постигнала одличен успех и стигнала на првото место на Billboard 200 листата, по што влегла во Гинесовата книга на рекорди, како најмлада уметничка со дури пет албуми.

Наредните десет години, нејзиниот приватен, но и деловен живот се одвивал мирно, без скандали. Во 2018 година почнала нова светска турнеја за која картите биле распродадени за неколку минути. На почетокот на оваа година, Бритни ги шокирала фановите кога објавила дека поради нејзиниот татко, таа ќе паузира во кариерата.

Џејми Спирс имал проблеми со дебелото црево и по операцијата минал околу месец дена во болница. Бритни признала дека била во тешка состојба, но дека целосно била изгубена без нејзиниот татко.

„Не знам како да ја почнам оваа тема, затоа што ми е тешко да кажа било што. За жал ќе го откажам своето ново шоу „Доминација“, иако многу му се радував, како и тоа дека ќе можам да се видам со сите вас. Ова е нешто кое ми го крши срцето. Но, семејството ми е на прво место. Затоа морав да ја донесам оваа одлука“, напишала пејачката.

Поради болеста на татко и, Бритни во април оваа година се пријавила во клиниката за ментално здравје, каде минала неколку недели. Нејзината мајка Лин побарала од судот пристап до медицинската документација на својата ќерка, затоа што велела дека нејзината состојба се влошила и дека сака да учествува во грижата за неа.

Последниот скандал во семејството на Спирс е поврзан со нејзиниот поранешен менаџер Сем Луфти, кој, според наводите на нејзиното семејство е одговорен за последните закани на смрт, со кој се соочиле. Лутфи добил привремена забрана да и се доближи на Бритни, со наредба дека не смее да стапи во контакт со неа и семејството.

Scroll to Top