Бритни Спирс рече дека ќе ја тужи менаџерката затоа што сакала да ја убие

Поп пејачката Бритни Спирс рече дека ќе ја тужи нејзината менаџерка Лу Тејлор затоа што сакала да ја убие. Таа рече дека ќе поднесе тужба против компанијата  Tri Star ports & Entertainment Group, со која управувала Tејлор и нејзиниот соработник Робин Гринхил.

Оваа компанија работела со парите на пејачклата и нејзиниот бизнис. Бритни рече дека за целиот тој период додека тие управувале со нејзините пари, таа се чувствувала беспомошно и дека се плашела за нејзиниот живот.

Бритни тврди дека нејзиниот татко Џејми ја обожавал оваа компанија и Тејлор и Робин како дел од неа.

„Ќе ги тужам „Три стар“, рече Бритни.

Таткото на Бритни, Џејми како нејзин деловен менаџер, ја ангажирал компанијата набргу откако судот му додели старателство во 2008 година. Компанијата работеше со пејачката повеќе од една деценија, пред да се повлече минатата година, пренесе Page Six

„Тој правеше сè што ќе побараа од него. Мислам дека се обидуваа да ме убијат. И денес сè уште верувам дека се обидуваат да го направат тоа“, рече Бритни.

За потсетување, судијата во Лос Анџелес минатата година го прекина старателството кое Џејми го имаше над својата ќерка, откако таа ги обвини за злоставување.

„Никој друг го нема преживеано она што јас го доживеав. Преживеав сè и сешто и на сè се сеќавам“, рече Бритни.

Адвокатот на Тејлор рече дека нејзините тврдења се лажни, навредливи, штетни и неприфатливи. Адвокатот на Џејми пак засега не ги коментираше истите.

За потсетување јавноста се сврти кон компанијата „Три стар“, откако „Њујорк тајмс“ го објави документарниот филм „Контролирајќи ја Бритни Спирс“ минатата година. Во него Бритни тврди дека татко ѝ заедно со Тејлор и Гринхил го прислушкувале нејзиниот телефон и спална соба.

Scroll to Top