Обожавателите на поп-пејачката кои стојат зад поткастот Toxic: The Britney Spears Story, тврдат дека Бритни Спирс тајно се венчала и развела од својот поранешен дечко Џејсон Травик, со кого се сврши во 2011 година. Доказ за тоа им се новооткриените судски документи.
Бритни зад себе има два брака, а првиот од нив траеше само 55 часа. Тогаш таа во Лас Вегас се венчаше со својот пријател од детството Џејсон Александер. Во 2004 година, таа се венчаше со Кевин Федерлајн, со кого ги има децата Шон и Џејден. Двајцата се разведе во 2007 година.
Бритни со својот агент Џејсон се сврши во 2011 година, по година дена врска, но нејзините обожаватели мислат дека и двајцата се венчале во тајност.
Сомнежите ги покренаа новите документи откриени за поткастот Toxic: The Britney Spears Story, зад кои стојат активисти кои го покренаа движењето „Ослободете ја Бритни“ во 2019 година.
Судските документи биле поднесени во врска со случајот околу старателството под кое Бритни живее од 2008 година. На сметководствените документи, кои биле поднесени во калифорнискиот суд во 2012 година, можела да се види сума во износ од 9.150 долари.
Тоа биле пари кои биле дадени за нејзиниот развод, тврдат авторите на поткастот.
Тие исто така истакнале дека пејачката во претходните години за време на едно интервју случајно го нарекла Џејсон свој сопруг. Џејсон од 2008 година работел како нејзин агент и станал нејзин старател, откако се свршиле, заедно со нејзиниот татко Џејми.
Тие раскинаа во 2013 година, само три месеци откако ги поднеле документите поврзани за развод од бракот.