Бритни Спирс тврди дека татко ѝ сака да изнуди два милиона долари од неа

Поп пејачката Бритни Спирс тврди дека нејзиниот татко Џејми Спирс сака да изнуди од неа два милиони долари. Таа тоа го навела и во новите правни документи, пренесува британски „Мирор“.

Таа вели дека на него му биле потребни пари за да може да ги плати скапите адвокати и судските трошоци. Нејзиниот адвокат Метју Резенгарт не сака да попушти пред неговите условувања.

„Таткото на Бритни нема право на вакви барања. Тој не може да поставува услови за отстранување од старателската положба. Требаше веќе да поднесе оставка. Ќе побараме суспензија доколку не поднесе оставка од позицијата старател до крајот на септември, кога е закажано рочиштето во Лос Анџелес“, рече тој.

Џејми неодамна се согласи да се повлече од позицијата старател, но, објасни дека јавноста неправедно го осудува и дека доколку ги знае сите факти за нејзината зависност и психичка сосотјба, него ќе го слават како херој.

Scroll to Top