Поп-пејачката Бритни Спирс (36) го покажа добро оформенотот тело во бел корсет и црни гаќички кога позирала со танчерите Вилијам Гомез и Лејк Смитс.
Овие два танчери инаку често се појавуваат на концертите на нејзината колешка Џенифер Лопез.
„Мина доста време од кога не сум ги видела овие мажи. Имавме само неверојатна соработка на еден сет“, изјавила Бритни.
Но, на фановите им останало нејасно зошто повторно се имаат собрано, па се посомневале дека станува збор за нов спот или реклама.
Бритни во текот на нивното дружење одглумила сцена од филмот „Згодна жена“, а снимката ја објавила на својот Инстагра профил.