Брижит Макрон ѝ се восхитува на Меланија Трамп

Минатиот месец Меланија и Доналд Трамп им беа домаќини на францускиот претседател Емануел Макрон и на неговата сопруга Брижит. Запрашана од новинарите на магазинот Le Monde каков впечаток ѝ оставила првата дама на САД, Макрон рекла дека ѝ се восхитува.

„Меланија Трамп е навистина забавна, но таа не смее надвор. Меланија не смее да отвори дури ниту прозорец во Белата Куќа. Не смее да го извади носот надвор, додека јас, јас сум секој ден низ Париз“, рекла Макрон за францускиот магазин.

Таа додала дека зачудена од строгиот начин на живот на Меланија.

„Меланија е жена со силен карактер, но сака тоа да го сокрие. Може нешто да ја насмее многу лесно, но таа го покажува тоа многу помалку отколку јас. Кај неа сè е во некоја рамка“, рекла Макрон во интервјуто.

Scroll to Top