Бруно Марс склучил договор со „Дизни“ за да глуми и да продуцира мјузикл со нив. Според таблоидот „Дедлајн“, сè уште не се откриваат детали за проектот, но се знае дека продукцијата ќе содржи претежно оригинална музика што ќе ја создаде и изведува Марс.
34-годишниот поп-пејач неодамна на „Инстаграм“ откри дека работи на голем проект и ја свиреше на пијано Dизниевата When You Wish Upon a Star.
„Кога ќе посакаш желба… Марс ќе се сретне со глувчето. Ќе одам во Дизниленд“, напиша Марс покрај видеото.
Бруно Марс веќе има играно во два филма „Меден месец во Вегас“ и „Рио 2“.