Човекот кој му го даде пиштолот на Болдвин за првпат прозоборе за несреќата

За првпат по страшната трагедија која се случи на 22 октомври, во која глумецот Алек Болдвин ја застрела снимателката Халина Хачинс, на сетот на филмот „Рѓа“, проговори и помошникот на режисерот Џоел Соуза.

Дејвид Халс бил човекот кој му го дал пиштолот реквизит на Болдвин и му рекол дека е безбеден и дека во него нема вистински куршуми. Тој ја повика целата филмска индустрија да ги преиспита своите вредности по кобната грешка пишува „Њујорк пост“.

Дејвид не коментираше зошто му дал пиштол на Болдвин во кој имало вистински куршуми, само кажа дека Хачинс била една од најдобрите снимателки со која работел и му била добра пријателка.

„Халина Хачинс не беше само една од најталентираните луѓе со кои работев, туку ми беше и пријателка. Шокиран сум и тажен поради нејзината смрт. Се надевам дека оваа трагедија ќе ја поттикне филмската индустрија да ги преиспита своите вредности и пракса за да се осигура вакво нешто никогаш да не се повтори“, рече Халс.

За потсетување, Болдвин на снимањето на филмот „Рѓа“, додека пукал од пиштол реквизит, случајно ја застрела снимателката Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза. Хачинст иако била одма пренесена со хеликоптер во болница, таа им подлегнала на повредите.

Медиумите пишуваа дека Халс и претходно имал вакви слични проблеми за време на работењето во филмската индустрија. Во 2019 година некои од луѓето кои работеле со него, се пожалиле на неговата непрофесионалност, а во една прилика едно лице и било застрелано, но, за среќа истото брзо се опоравило. По инцидентот Халс бил отпуштен.

Scroll to Top