Чарли Шин со емотивна порака се прости од Лук Пери

Голем број пријатели и колеги од Холивуд се простија од американскиот актер Лук Пери, кој почина вчера од мозочен удар. Меѓу колегите беше и неговиот близок пријател Чарли Шин, кој на социјалните мрежи со емотивна порака се прости од Лук.

„Секоја ситуација ти знаеше да ја направиш подобра. Твојата елеганција, твојот шарм, твоето големо срце беше инспирација за многумина од нас. Почивај во мир добар пријателе. Почестен сум со тоа што те познавав сите овие години“, напиша Шин.

Веста за смртта на Пери беше шок за голем број познати писатели, новелисти и актери.

 

Scroll to Top