Чарли Шин за секс трошел до 100.000 долари на ден

Холивудскиот актер Чарли Шин (54) некогаш владеел со холивудскиот свет и заработувал 1.800.000 долари неделно за неговата улога во серијалот „Два и пол мажи“. Неговата слава, појавување, но и заработката се значително намалени во последните години.

Чарли денес го прославува својот 54. роденден, а зад себе има многу скандали и бурен живот со кој ги полнеше насловните на светските медиуми. Сето тоа придонесло неговото богатство да изнесува помалку од 10 милиони долари, додека во екот на популарноста располагал дури со 1 милион долари.

Шин поминал низ различни фази од својот живот, од дрогирање и алкохолизам, признание дека е ХИВ-позитивен, па се до вежбање јога и здрав живот. На крајот на 2015 година откри дека е ХИВ-позитивен, дека спиел со повеќе од 5.000 жени и дека најверојатно бил заразен со транссексуална проститутка со која имал односи.

Според блиски извори, Чарли знаел да потроши помеѓу 75 и 100.000 долари за една ноќ на девојки кои му давале услуги, а на девојките кои би му се допаднале им нудел да спијат со него без заштита, што тој дополнително го наградувал со 5.000 до 10.000 долари. Според тоа, Шин трошел  1.600.000 долари годишно само на овој порок.

„Мојот живот може да се опише со само три збора: дрога, секс и алкохол“, изјави Чарли пред неколку години.

Scroll to Top