Чарлс и Камила прославија 14 години брак

Принцот Чарлс и Камила прославија 14 години брак. Двојката која се венча на 9 април во 2005 година во капелата „Св. Џорџ“ во Виндзор. На годишнината од свадбата во кралскиот двор беа откриени нивни нови портрети, кои ги наслика фотографот Алекс Лубомирски.

На денот на јубилејот двојката го реотвори замокот Хилсбороу во Белфаст, Ирска и таму принцот Чарлс го промовираше новиот портрет со неговиот лик. Замокот на војводата од Дауншајр е изграден 1770 година, а беше затворен пет години заради реновирање. Замокот од 18 април ќе биде отворен за јавноста.

Scroll to Top