Чарлс се сретнал со Хари и Меган на само 10 минути, принцот уште им е лут за интервјуто кај Опра

By

Хари и Меган за време на нивната посета во Британија и кралицата, се сретнаа и со принцот Чарлс. Британските медиуми пренесуваат дека нивната средба траела помалку од 10 минути и дека сите биле напнати.

dobivaj vesti na viber

Daily Mail пренесе дека Чарлс сè уште не може да им прости за интервјуто кај Опра Винфри и дека затоа и средбата траела толку кратко. Експертот за кралското семејство Рачар Кај рече дека Чарлс едвај разговарал со Хари.

„Но и покрај сите несогласувања Хари и понатаму ќе остане миленик на кралицата. Тој секогаш знаел како да ја насмее и тоа ѝ се допаѓа на неа“, рече Кај, кој додаде дека Хари ѝ ветил дека наскоро ќе може да си ги види правнуците.

На состанокот била и принцезата Беатрис и Камила. Беатрис ја одиграла клучната улога во позадина, затоа што била многу блиска и со кралицата и со Хари и Меган. Принцот Вилијам пак во моментов со семејството е во посета на француските Алпи.

 

Ќе ви се допадне