Часовник на Пол Њуман продаден 17,8 милиони долари

Рачниот часовник „ролекс дејтона“, што му припаѓал на легендарниот актер Пол Њуман, е најскапиот часовник некогаш продаден на аукција. Часовникот бил понуден на аукцијата во Њујорк и е продаден 17,8 милиони долари.

Од аукциската куќа велат дека се очекувало рачниот часовник да достигне цена до 1 милион долари, но по наддавањето, часовникот на Њуман завршил кај купувач кој наддавал по телефон и сакал да остане анонимен.

Часовникот на Њуман му бил подарок од сопругата, актерката Џоан Вудворд.

Scroll to Top