Чеки Чен не е заболен од коронавирус

Откако во јавноста изминатите денови се рашири информацијата дека Џеки Чен е заболен од коронавирус, се јави глумецот и порача дека се е во најдобар ред.

Херојот на голем број акциони филмови, на својот „Инстаграм“ профил ги смири фановите и им порача дека е жив и здрав.

„Ви благодарам на сите за грижата! Сигурен сум и здрав, многу здрав. Ве молам, не се грижете, не сум во карантин. Се надевам дека сите ќе останат сигурни и здрави“, напиша Џеки Чен на својот „Инстаграм“ профил.

Претходно во јавноста се медиумите пренесоа дека неговиот колега Том Круз е задржан во карантин поради коронавирусот. Познатиот актер е во Венеција каде го снима продолжението на филмот „Невозможна мисија“.
Scroll to Top