Чендлер од „Пријатели“ три месеци во болница

Глумецот Метју Пери (48) најпознат по улогата на Чендлер Бинг во хит серијата „Пријатели“, изминатите месеци не се појавувал во јавност, а не бил активен ниту на социјалните мрежи.

„Одработив три месеци во болнички кревет“, напишал Пери, а бројни обожаватели му посакале брзо оздравување.

Пери во почетокот на август завршил на итна операција во болница во Лос Ангелес поради пукање на дебелото црево. За среќа, на време отишол на лекување бидејќи би дошло до сепса и можел да умре. Глумецот во јавност често говореше за својата борба со алкохолизмот и разните лекови и рекол дека со таа зависност имал проблеми скоро цел живот.Истакнал дека бил во лоша состојба што не се сеќава на се од снимањето на „Пријатели“.

Неколку пати бил на одвикнување од алкохол и во 2015. година дури и се пошегувал дека е „награден алкохоличар“ откако го примил признанието од рехабилитациската организација Phoenix Hous.

Scroll to Top