Ченинг Тејтум: Нема да ме тераат да се соблекувам ако станам подобар актер

Актерот Ченинг Тејтум, ѕвездата на филмот „Меџик Мајк“, вели дека е секогаш во добра физичка форма затоа што режисерите од него бараат да се соблече. Тој неодамна во емисијата на Кели Кларксон рече дека треба да стане подобар актер и да поработи на своите актерски способности за да не мора да се соблекува во иднина.

„Како некој што вежба за својата работа, сигурен сум дека не би изгледал вака да не морав да бидам разголен во повеќето мои филмови. Како и да е, ќе мора да ја подобрам својата глума за да не се соблекувам“, се пошегува тој.

„Тешко е да вежбаш постојано. Не ми е јасно како некои луѓе поседуваат енергија и време за да си посветат на себе, осoбено оние кои имаат и работни и семејни обврски.“

 

Scroll to Top