Читач од усни откри дека на Чарлс му било досадно на крунисувањето

Читач од усни откри што ѝ кажал кралот Чарлс на кралицата Камила пред да влезат во Вестминстерската опатија каде беше крунисан. Во саботата утрото пред опатијата Чарлс стигна пред договореното време и морал неколку минути да почека пред да влезе во црквата.

Вилијам и Кејт, односно принцот и принцезата од Велс стигнаа малку подоцна, па им се придружија на гостите кои во црквата влегоа пред Чарлс, кој бил нервозен. Кога фановите забележале дека нешто ѝ зборува на Камила, биле ангажирани читачи на усни кои сега открија што кралот рекол.

„Никогаш не може сите работи да се случат на време. Ова е лошо. Секогаш излегува нешто. Ова е така досадно“, ѝ рекол Чарлс на Камила, а пренесе „Скај њуз“.

Чарлс и Камила беа крунисани на церемонијата на која имаше стотина шефови на држави, многу кралеви и кралици и голем број славни лица. Церемонијата ја следеа милиони преку телевизија.

Scroll to Top