Актерот Бен Стилер откри како дознал и како се изборил со ракот на простатата. Тој рече дека иако не ги забележал симптомите, сфатил дека боледува од опасен карцином и дека ако ги послушал советите на лекарите, сега би бил мртов.
Актерот немал симптоми на рак на простатата, ниту тегоби, ниту, пак, историја на оваа опасна болест меѓу мажите во семејството. Туморот го откриле во 2014 година со помош на тестирања околу кои лекарите водат битка.
Во прашање е анализа PSA, простатата на специфичен антиген, туморски маркер за карцином на простата. Од Американското здружение на уролози го советувале дека PSA тестирањето го прават мажи постари од 40 години, додека Американското здружение за рак смета дека тестирањето не треба да го прават мажи пред 50 година.
„Овој тест ми го спаси животот, а знам дека околу него се води голема дебата. Имав 46 години кога се тестирав“, рече Стилер.
Имал повисоко ниво, кое докторот го следел во период од неколку години и по неколку дена сфатил дека константно се зголемува. Потоа направил физички преглед, МРИ скенирање и биопсија. На актерот му била поставена дијагноза на среден агресивен карцином на простата.
Бен веднаш бил опериран. Отишол на лапароскопска радикална простатектомија, односно отстранување на простатата и туморот во неа.
„Ако чекав на тестот, четири години не би знаел дека имам тумор кој расте во мене. Да ги послушав советите на лекарите, немаше ни да се тестирам и ракот веројатно ќе беше откриен предоцна за да може да биде излечен“, рече Стилер.
Ракот на простата во Америка е втора најчеста болест која се јавува кај мажите, по карциномот на кожата.